Со мотори дојдоа од Швајцарија за да подарат клучови од нова куќа на семејство во Скопје

Семејството Хасани од скопски Сарај доби нова куќа. Тие претходно живееја во многу тешки услови. Домаќинот починал, а мајката со двајцата синови живеела кај вујковците.

Во пресрет излезе клубот на моторџии “Плисат“ од Швајцарија во соработка со хуманитарната организација “Калири и Мирсис“. Елмедин се заблагодари за куќата што им ја изградија. Како што вели, сега ќе имаат една грижа помалку.

Клубот на моторџии “Плисат“ ја започнаа оваа иницијатива за да обезбедат куќа, дојдоа со мотори од Швајцарија за на семејството Хасани да му го дадат клучот од новата куќа. Главниот на клубот, Фатмир Алиу вели дека не спиел од емоции што ова семејство ќе добие нова куќа.

И од Калири и Мирсис изразија благодарност за сите кои помогнаа а изградба на куќата.

Ова четврта куќа по ред што ја има изградено клубот на моторџии Плисат од Швајцарија. Потпретседателот на клубот, Наим Нуредини, вели дека нема да застанат тука и дека ќе продолжат да им помагаат на луѓето на кои им е потребна помош. Новата куќа на семејството Хасани од општина Сарај има три соби и е уредена целосно со мебел кој го обезбеди клубот “Плисат“.

Прочитајте и...  СЕКОЈА ЧЕСТ: Ѓоко Јовиќ извади куфер сред свирка за да собере пари за операција на Ирена

Извор: ТВ 21

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за