Со Пакомак ќе враќаме пластични шишиња, а ќе добиваме пари

Енормниот обем на отпад кој се креира со зголемената консумација во модерното општество, селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање е екстремно важен процес за одржување на чиста и незагадена околина.

hellogold recycle plastic feature image

Но, за многумина овој процес е напорен и одзема премногу енергија, па затоа Пакомак ќе се обиде да ги мотивира граѓаните на Македонија да се приклучат на едноставен начин преку воведување на повратни вендинг машини т.н. наречени SmartBin, кои ќе функционираат во склоп на ecoMac – систем на стимулација кој ги наградува луѓето што селективно одложуваат отпад преку награди, попусти или некои останати придобивки. Ваков проект досега не сме имале на територијата на Македонија и претставува вистинска иновација на полето на собирање и рециклирање на комунален отпад.

Што е идејата на поставувањето на повратни вендинг машини (ПВМ)?

Целта е да се мотивираат граѓаните што поефикасно и побрзо да се вклучат во процесот на селективно одложување отпад, а со самото учество во процесот да бидат соодветно наградени со т.н “зелени поени” кои може да ги користат за плаќање производи и јавни услуги (на пр. комунални такси, билети за јавен превоз, паркинг и сл.). На почетокот, Пакомак ќе постави машини во неколку општини низ земјата, а долгорочниот план опфаќа поставување на машини на целата територија на Македонија. Проектот е наменет за сите граѓани, без разлика на возраста и социјалниот статус, а и системот на награди е приспособен за сите групи во општеството. Првиот прототип се очекува во првата половина на 2020 година.

Кој е принцип на работа на повратните вендинг машини на Пакомак?

Иако работи на истиот принцип како стандардните вендинг машини (се стават пари, се добива проивзод), поради обратниот процес (се става производ, се враќаат пари) таа се нарекува „повратна вендинг машина“. Она што започна како експеримент во 1970-тите во Норвешка, денеска е многу успешен глобален проект кој на еден едноставен начин ја одржува нашата планета почиста, истовремено поттикнувајќи ги луѓето да рециклираат отпад.

Иако досега не беа застапени во Македонија, повратните вендинг машини не се нов концепт во светот. Вообичаено, постојните ПВМ работат на многу едноставен концепт: корисникот/ граѓанинот во машината става отпад за рециклирање во форма на производ (пластично шише, лименка, стаклено шише), а за возврат добива вредносен купон или пари.

ПВМ на Пакомак ќе примаат пластични шишиња и лименки, истите ќе пресуваат и складираат. Преку псоебна апликација на своите мобилни телефони, граѓаните кои го одлагаат овој тип отпад во ПВМ на Пакомак ќе собираат т.н “зелени поени” со кои ќе може да плаќаат јавни услуги или производи во малопродажбата. Бизнис моделот на Пакомак ќе вклучи мрежа од јавни институции, општини, производни компании и рециклатпри на отпад, а во секопј моментќе има и податок колку парчиња амбалажен отпад се рециклирани, од кој бренд се тие и кој матетијал.

Исто така, системот на Пакомак ќе препознава кои граѓани се најеколошки совесни и рециклираат најмногу шишиња во текот на годината, со што се дава можност за добивање на дополнителни бенефити за тие совесни граѓани.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.