Случувања

Со тешки операции разделени сијамските близначки Валентина и Христина од Загреб

sijamski bliznacki 1

Близначките Валентина и Кристина од Загреб, наполнија 4 месеци и сега се бебиња со вообичаени потреби и барања за нивна возраст.

Педијатриското одделение во клиничкиот центар Ребро во Загреб сѐ уште се грижи за нив, откако поминаа тежок период на операции, раздвојување и рехабилитација.

14 најугледни доктори од оваа клиника , 5 недели по нивното раѓање, изведоа комплицирана и тешка операција која траеше 15 часа.

Двете близначки беа споени во долниот дел од телото и имаа заедничка слезина и заеднички црева.

sijamski bliznacki 2

Но, упорните родители Марија и Петар, не се откажуваа од нив, и деноноќно бдееја над нивното креветче, сѐ до тешката и сложена операција.

Ваков вид споеност е ретка во светот, бидејќи тие имаа заеднички витални органи.

Но, сега, како што пишуваат хрватските медиуми, двете сестрички се само близначки, секоја спие во свое креветче и засега се развиваат добро, со оглед на тоа што тие, покрај тоа што беа споени во долниот дел од телото, беа и предвреме родени.

Прочитајте и...  Горда мајка: Родила 4 бебиња во една година (ВИДЕО)

Најпопуларно


To Top