Забава

Соништата ви говорат повеќе од што мислите: 5 сонови на кои треба да обрнете внимание

Соништата од секогаш го фасцинирале човекот, па тој на сите начини пробувал да дознае што му говорат неговите соништа.

Од медицински аспект соновите настануваат во РЕМ фазата, додека низ историјата добивале разни психолошки објаснувања со кои првенствено се бавел Сигмунд Фројд. Тој ги опишува соновите како напа подсвест која испливува додека спиеме, а која сме ја потиснале од јавето.

Еве што најчесто сонуваме:

  • Заби

Соновите за забите се вбројуваат во најчестите сонови кои ги сонуваме. Можат да бидат било какви, но најчесто се работи за расипани заби, заб кој боли, крвари или ни паѓа. Ретко сонуваме бели и здрави заби. Се смета дека соновите за забите во таа смисла може да не опишуваат нас самите т.е нашата моќ и самопочит. Нив можеби ги губиме на јаве, или немаме доволно. Исто така ваков сон се толкува како можна загуба или болест на некој близок, па обично после ваков сон сме видно вознемирени.

  • Вода

Водата исто така ја сонуваме често и нејзината симболика е многу силна. Ако земеме во обзир дека таа може да биде бистра, матна, брз тек или мирна, длабока или плитка. Може да се сонуваме самите како пливаме во ладна вода или како се давиме. Се на се, водата и нема некоја позитивна симболика каква и да била. Не упатува на тоа да бидеме внимателни и да се чуваме. Обично се однесува на нас самите и на нашата емотивна состојба, на моменталните чувства и нешто што посакуваме на јаве.

  • Смрт на блиска личност

Еден од најчестите сонови е смртта на ваша блиска личност- татко, мајка, брат, сестра, пријател.  Тие сонови се многу вознемирувачки. Кога ќе се разбудиме во врисок и испотени, благодарни сме му на Бог што тоа било само сон.

  • Пад од висина и скали

Многу чести сонови се и оние во кои гледате скали, па исчезнуваат и вие нема каде да одите, кружни скали, недостаток на скали кои мора да ги прескокнувате и слично. Висина, пад од висина, пропаѓање во лифт, исто така се дел од нашите сонови.

  • Губење на говорот

И ова е многу чест сон. Некогаш во сон посакувате да кажете нешто, но неможете. Ве брка некој, а вие не успевате да викнете помош. Гласот ви се губи баш тогаш кога ви е најпотребен.

Прочитајте и...  Марихуана Пепси – жената која не дозволи името да ја дефинира, стана доктор на науки

Најпопуларно


To Top