МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Македонија

СООПШТЕНИЕ ОД КЛИНИKA ЗА ДЕТСКИ БОЛECTИ: Забрана за пoceта поради опacнocта од ширење на Koвид-19

Поради опасноста од ширење на корона вирусот во Клиниката за детски болести, менаџментот од денска 26. февруари. 2020 година, најстрого ја забранува посетата на малите пациенти.

Ги замолуваме роднините на децата кои се хоспитализирани, да имаат разбирање за оваа одлука, да не инсистираат на влез, бидејќи здравјето и безбедноста на детето е поваќно од сè. Вратарската служба нема да допушти влез на ниту едно лице кое не е хоспитализирано со дете, се вели во соопштението на Клиниката за детски болести.

Менаџментот на Клиниката ги замолува родителите кои веќе лежат на Клиниката со своите малечки, без нужна потреба да не ја напуштаат клиниката, и да ги превземат сите мерки на заштита.

Заштитувајќи се себе се грижите за вашето дете, додаваат од Клиниката за детски болести.

Извор: infomax.mk

Најпопуларно

To Top
Close