Совети како да се заштитите од интернет измами

Интернет измамите стануваат се пософистицирани. Бидете претпазливи и заштитете се, следејќи ги нашите совети, стои во инфографикот на „Стоп дезинформации“.

Тимот на „Стоп дезинформации“, меѓу другото, апелира да се внимава што се објавува на социјалните мрежи, да се внимава на бесплатен антивирус софтвер и на непознати мејлови, да не се праќаат пари на некој што не сте го запознале лице во лице…

Infografik Stop dezinformacii

„Стоп дезинформации“ е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести, кој го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон.

Целта на проектот е преку унапредување на писменоста за вести и на дигиталната писменост, да се подобри ефективноста, одговорноста и етиката меѓу припадниците на граѓанското општество и на новинарите при користењето на правото на слобода на мислење и изразување.

Извор: Радио МОФ

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.