Кујна

Совети на Џенифер Лопез за фитнес и исхрана што вреди да ги усвоите!

Иако има 50 години, на изгледот можат да и’ позавидат и многу помлади девојки. Нејзиниот начин на живот е прилично здрав, а таа е дисциплинирана и ретко кога ги крши правилата.

Ова се принципите по кои се води Џенифер Лопез, а ние можеме да заклучиме дека дефинитивно имаат ефект.

Стомачните вежби се нејзина секојдневна рутина

Не поминува ни еден ден без да направи барем три серии по 50 стомачни вежби. Секогаш успева да најде неколку минути време за да ја направи оваа вежба, која е заслужна за нејзиниот совршено обликуван стомак.

Си поставува предизвици

Џенифер и нејзиниот свршеник многу често практикуваат десетдневни предизвици за време на кои се откажуваат од се’ што дебелее.

Прочитајте и...  Колку побрзо јадете, повеќе се дебелеете

„Се’ што има многу шеќер или јаглехидрати, не доаѓа предвид“, објаснила таа.

View this post on Instagram

Mediterranean. 🌊

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Го фотографира својот напредок

Таа одвреме-навреме се фотографира за да може да го види напредокот. Вели дека овој трик ја мотивира и и’ дава сила да продолжи понатаму.

Танцува на шипка

Вели дека тоа е најдобриот тренинг. Освен што согорува многу калории, забавно е.

Одбегнува храна полна со адитиви

Прочитајте и...  Внимавајте: Со миење на овие намирници ризикувате размножување и ширење на бактерии!

Колку што може, таа се обидува да одбегнува храна што содржи рафиниран шеќер и други адитиви. Често се придржува до органска храна.
Кафе без кофеин е нејзиниот избор

Џенифер тврди дека со години нема внесено кофеин во организмот.

Доколку верувате дека можете да си го подобрите животот и да се откажете од лошите навики, тоа и ќе се случи.
Најдете идеално време

Вежбајте кога вам ви одговора, без разлика дали е тоа навечер или наутро. Времето не е пресудно за постигнување резултати, туку интензитетот на тренинзите.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top