in

„Совршена несовршеност“: 13 портрети на животни со хендикеп и нивните приказни

Алекс Сернс е фотограф на животни од Австралија која ја открива прекрасната страна на животните со хендикеп во нејзината инспиративна фотосесија „Совршена Несовршеност“.

Некои од нив се слепи, некои се врзани за инвалидска количка, но едно нешто им е заедничко, тие се инспиративни и совршени во својата несовршеност.

Алекс вели дека издржливоста на животните и нивното справување со своите несреќи никогаш не ја оставило рамнодушна. „Тие го искористуваат максимумот од својот живот. Од нив научив во секоја ситуација да барам нешто позитивно и никогаш да не се откажувам.“

Тие се слатки и нивната желба да ја надминат физичката различност ќе направи да добијат специјално место во вашето срце!

  • Џек бил фрлен кога бил стар само 1 ден. Неколку од коските на неговите нозе не растат како што треба. Бил вдомен од страна на Wa Pet Project
  • Бо бил напуштено маче. Неговите уши морале да бидат отстранети поради рак на кожата.
  • На спасеното маче Ним му биле отстранети двете очиња поради компликации при раѓањето.
  • Рендал бил вдомен во Bonorong Wildlife Sanctuary. Го нападнало куче, и останал без една нога.
Прочитајте и...  Овие преслатки илустрации ќе ве убедат да вдомите куче доколку се двоумите
  • Бали Пип, куче кое го спасило Здружение за заштита на животните во Бали.
  • Тики била спасена од човек кој се грижел за повеќе кучиња. Тики имала тешка скршеница на ногата, која подоцна била ампутирана.
  • Јулиј било бездомно маче. Окото му било отстрането поради тумор.
  • Клери бил вдомен од страна на Safe Perth. Тогаш дознале дека кучето нема очи.
  • Скрепи го нашле додека трчал на автопат. Неговите очи биле отстранети бидејќи видот му се влошувал и влијаело на неговото здравје.
  • Ангелче била посвоена од Perth Chihuahua Rescue. Таа е слепа на едното око.
  • Пени и нејзините кутриња беа вдомени од Rspca Wа. Тогаш имале шуга, но нивното крзно за брзо време израснало како ново.
  • Јафа била вдомена од страна на The Dogs’ Refuge Home Of Wa. Подоцна и ја отстраниле ногата откако случајно ја удрил автомобил.
  • Peaches била вдомена од страна на Харт, а окото и било отстрането кога развила акутен глауком.
Прочитајте и...  Тажна вест од Австралија: Коалите се пред изумирање

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote