Случувања

Создадена програма за вештачка интелигенција, опасна за продажба

Тим на компјутерски инженери предизвикаа паника , откако објавија дека развиле вештачка интелигенција , која е преопасна за јавноста.

Според специјализираното списание Science Alert, истражувачката компанија OpenAI со седиште во Сан Франциско соопшти дека на својот систем за генерирање текстови , што се однесува како камелеон , може да го претстават во ограничена верзија , зашто се загрижени од можната злоупотреба на оваа технологија.

Причина за загриженост е во тоа што компјутерската програма која произведува извадоци од текстви , што сама ги чита , е предобра во она што го работи.

Компјутерскиот систем е способен да генерира текст со одличен квалитет , за кој експертите велат дека е напреден и уверлив , па некои поединци би можеле да го користат за креирање лажни вести, имитирање луѓе или за злоставување и измами на социјалните мрежи.

За да го развијат овој систем , инженерите и дале на вештачката интелигенција текст со база на податоци од 8 милиони веб страници и го оставиле да ги апсорбира.

Прочитајте и...  Тони Цетински и по 13 години со емотивен статус посветен на нашиот Тоше

Откако ги проучил , системот можел да разговара на таа тема , да пишува текстови и да се однесува како суперинтелигентно човечко суштество.

Најпопуларно


To Top