Актерот Горан Јевтиќ (41) ќе помине 10 месеци во затвор откако беше обвинет дека во август 2014 година обљубил 16-годишно момче, поточно го принудил на орален секс во тоалетот на Народниот театар во Сомбор. Судот претходно му изрече казна домашен затвор, но откако Јевтиќ ја обжали пресудата, доби затвор, забрана за работа со малолетници и е запишан во регистарот за педофили.

Мајката на тогаш малолетното момче, кое актерот го напастувал, вели дека таа ноќ нејзиниот син дошол дома видно вознемирен, се тресел „како да е зима“ и морала да му даде „бенседин“ за да заспие.

Откако дознала за немилиот настан, таа го прашала синот зошто не се бранел и не го оттурнал, но тој ѝ рекол дека бил блокиран и дека мислел дека ако го удри, никогаш веќе нема да смее да се врати во театарот, е наведено во пресудата.

Според сведоштвото на мајката, потоа пристигнале поголеми проблеми. Детето не можело да спие навечер, легнувал облечен, бил повлечен во себе, по што со сопругот го однеле на психијатар.

Прочитајте и...  Албанија се тресеше цела вечер, регистрирани најмалку 25 земјотреси

Во образложението на пресудата се наведува, како што дознава „Блиц“, дека на основа на налозите и мислењето на вештаците, со оглед на неговата возраст, како и неговата претходна позиција во театарот и заинтересираност за актерскиот свет и пријатните искуства со познати глумци, детето не можело да предвиди дека ќе му се случи непријатна ситуација со Јевтиќ.

Исто така, утврдено е дека чинителот на вакво дело е одговорен и кога не е сигурен дека личноста спрема која презема дело е психички неспособна да ја изрази својата волја во поглед на полов однос, но свесен е на можноста и сепак врши обљуба. Исто така, е утврдено дека за вршење на кривично дело недозволен сексуален акт, не е неопходна употреба на сила, туку е доволна и сила од послаб интензитет за чинителот да може да преземе и изврши активноста која ќе ја задоволни неговата полова желба.

Во конкретниот случај, детето е оценето како „пасивно зависна личност“ во однос на Јевтиќ, кое било неспособно адекватно да се одбрани. Неговата физичка неспособност да пружи отпор била предизвикана од стравот и несразмерната возраст и развој во однос на Јевтиќ, поради што тие страв и возраст довеле до тоа детето да не може да реагира, заради што почнало да плаче и да го моли Јевтиќ да престане со своите намери.

Прочитајте и...  ПЕДОФИЛИЈА – чумата на 21 век | Жена од Вашингтон го запалила сопругот откако го фатила како ја силува 7-годишната ќерка
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за