Случувања

Според науката најуспешните деца имаат родители кои ги прават овие 9 работи

Ако сте родител, или размислувате да станете, едно од најважните прашања што може да си го поставите на себеси е: „Што можам да направам за моето дете да биде успешно во животот?“

Науката го одговорила ова прашање преку бројни истражувачки студии. Ова се резултатите:

  • Не им кажувајте на своите деца дека тие можат да бидат се што ќе посакаат

Според истражувањето на агенцијата C+R Research, децата во Америка се помалку заинтересирани за да работат тешка работа како би успеале во животот. Биле анкетирани 400 деца, а тие изјавиле дека кога ќе пораснат сакаат да бидат музичари, спортски атлети или дизајнери на видео игри, иако само 1% од популацијата во светот се занимава со овие професии.

Реалноста е дека професиите како лекар, градежник стануваат се поважни, а компјутерската наука се повеќе е застапена во сите сектори на економијата.

Зошто да не ги стимулирате вашите деца да тежнеат кон професија која ќе им биде многу поважна во иднината?

  • Вечерајте заедно како семејство
Прочитајте и...  Има 10 години и 197 килограми: Никогаш не бил на училиште

Според истражување на Харвард Универзитетот, децата кои што вечераат заедно со своите родители барем 5 пати неделно се во помал процент силеџии, бремени тинејџерки и депресивни подоцна во нивниот живот. Тие исто така добиваат подобри оценки на училиште, имаат поразвиен вокабулар и имаат поголема самодоверба од останатите деца.

  • Работете надвор од домот

Истражувачите од Харвард откриле дека децата чии што родители работат надвор од домот, успеваат да заработат повеќе пари од оние деца чии што родители работат од дома.

  • Ограничете го времето дозволено за паметни телефони

Мозоците на малите деца можат трајно да се променат од премногу време поминато на телефон или таблет. Американската Академија на Педијатри препорачува децата помали од 18 месеци воопшто да немаат контакт со екрани. Тие исто такаа им препорачуваат на родителите да го ограничат времето на употреба на телефони и таблети како и да одредат места на кои е дозволено како: масата за јадење, колата и спалната соба.

  • Терајте ги да работат
Прочитајте и...  Мрачно детство: Како се образоваат децата во Бангладеш низ фотографии

Според Џулија Литкот, поранешен декан на Стенфорд Универзитетот, децата кои што редовно помагаат со работа по дома, подоцна во животот се стремат кон многу поголеми, професионални успеси.

  • Читајте им книги за деца

Истражувањата на Њу Јорк институтот за медицина покажале дека на бебињата кои им се чита редовно, побрзо го развиваат својот говор, а по четири години и вештините за читање. Децата кои што сакаат книги додека се мали, остануваат обожаватели на книги и подоцна во животот.

  • Скратете им ги слатките задоволствата

Според еден 40-годишен, редовно правен експеримент, научниците оставале чоколадо на масата, со ветување дека децата кои што ќе издржат 15 минути да не го земат чоколадото, ќе добијат уште едно. Експериментот покажал дека оние деца кои што успеале да одолеат на искушението, подоцна се покажале како ученици со подобри резултати на тестовите, подобри социјални вештини, и како луѓе кои што се помалце опседнати и успеваат да го избенат стресот.

  • Дозволете им да изгубат
Прочитајте и...  Тешкиот развод на родителите трајно го нарушува здравјето на детето

Можеби звучи чудно, но една од најдобрите работи која родителот може да ја направи за своето дете е да му дозволи да изгуби. Др. Стефани Олери, невропсихијатар, тврди дека неуспехот е добар за децата на повеќе начини. Прво, неуспехот им помага на децата да научат како да се справат со него, за да развијат вештини како да се справат со тешките работи во животот. Второ, им помага на децата да пронајдат други начини за да успеат.

  • Охрабрувајте ги да патуваат

Студентската и младинска агенција за патување испитале 1432 професори кои потврдиле дека патувањата позитивно влијаат на децата на следниве начини:

  • Ја зголемуваат желбата за да патуваат повеќе (76%)
  • Ја зголемуваат толеранцијата кон другите култури и националности (74%)
  • Ја зголемуваат желбата за истражување, учење и знаење (73%)
  • Ја зголемуваат желбата за пробување на различни видови храна (70%)
  • Ја зголемуваат независноста и самодовербата на поединецот (69%)
  • Ја зголемуваат почитта кон другите етнички заедници (66%)
  • Ја зголемуваат способноста за подобро само-изразување (51%)

Најпопуларно


To Top