Здравје

Според восокот во ушите – дознајте во каква состојба ви е организмот!

Нормалниот восок од уши може да биде помеѓу портокалова и окер боја, но жолтиот или зелен восок, јадеж во увото или негово течење од уво може да биде показател за инфекција.

1.ЖОЛТ ИЛИ ЗЕЛЕН ушен восок

„Ако при чистење на ушите забележите дека восокот има зелена, жолта, црна или бела боја, многу е веројатно дека е присутна инфекција, па потребно е да посетите лекар. 

Инфекциите се појавуваат во многу краток рок и често е речиси неможно да се утврди причината за нивната инфекција“ – вели оториноларингологот Бенџамин Твел од Њујорк.

2.Ако има „снегулки“ во ушниот восок

„Ако кожата од внатрешноста се лупи и во ушниот восок се појават „снегулки“, постои веројатност дека имате екцем. Ако оваа состојба трае подолго, постои можност лицето да пати од псоријаза, што не е така честа појава“ – предупредува д-р Твел.

3.Ушниот восок има МИРИС

Ушниот восок никогаш не смее да има мирис. Мирисот обично значи дека е присутна инфекција во телото.

Прочитајте и...  Состојба во светот до 10 часот: Регистрирани 937.941 заразени со коронавирус

„Од искуство можам да кажам дека пациентите сами го забележуваат чудниот мирис на восокот, но понекогаш  други луѓе ги предупредуваат за тоа. Како и да е, треба да се појде на лекар и да се провери дали станува збор за некоја инфекција или нешто друго“ – објаснува д-р Твел.

4.Ушниот восок истекува од ушите

„Нормално е ушите да ви бидат мокри после вежбање, но ако наутро се разбудите и видите на перницата жолти дамки од восок или на ушните ресички има закоравен восок, тоа е знак за инфекција или хронична болест на увото“ – објаснува д-р Твел.

Извор: nmd.com.mk

Најпопуларно


To Top