in

Спортот помага во борбата против карциномот: „Телото подобро се справува со болеста“

„Преку спортот, го доведуваме телото во подобра позиција да се справи со карциномот или подобро да прифати терапија“, вели Вилхелм Блох, шеф на реномираниот институт за спортска медицина во Келн.

Што всушност се случува во телото кога се занимаваме со спорт? Колку тренингот помага во борбата против несаканите ефекти на болеста? И дали може да помогне дури и при сериозни заболувања како ракот?

“Од една страна тука е превенцијата. Спортистот прави нешто за да го намали ризикот од карцином. Од друга страна, забележуваме дека спортот помага при рехабилитација”, изјави Вилхелм Блох, раководител на Институтот за спортска медицина при реномираниот колеџ за спорт во Келн.

На Институтот од 2007 година истражуваат какво влијание има спортот врз здравјето.

„Спортот не може да излечи карцином“, вели јасно Блох, но додава: „Преку спортот, го ставаме телото во подобра позиција да се справи со ракот или подобро да прифати терапија. Секоја физичка активност предизвикува во организмот нешто како стрес за имунолошкиот систем, кој тогаш е поподготвен за поголеми предизвици“.

Прочитајте и...  Зошто е нечистотијата добра за здравјето на детето?

Професорот објаснува дека има таканаречени „клетки убијци“ во нашето тело. Тоа е посебна група на лимфоцити кои така напаѓаат вируси или клетки на туморот и со тоа го бранат организмот. „Овие клетки убијци може да бидат различно активни, а нивната активност расте кај лица што тренираат и по физичка активност“, вели Блох.

Помага шест часа одење неделно

Телото е практично нон-стоп под удар на малигни клетки, но организмот се справува со тоа без проблеми. Но, како што вели Блох, секогаш постои опасност од формирање „туморски гнезда“ во телото.

„Кога има предиспозиции, тогаш ниту спортот не може да помогне. На пример, карциномот на кожата. Но, спортот може да забави помали случаи. Тоа е голем чекор за самиот пациент“.

Блох вели дека истражувањата сè уште не покажале точно кој вид спорт најдобро помага, но дека е извесно оти тоа се комбинација на интензивни интервали на тренинг. Сепак, и добрата прошетка помага: “Кога пешачите шест часа неделно, го намалувате ризикот од карцином на дебелото црево за 40% или рак на простата за 25 на 30 проценти. Така е и за карциномот на дојка”.

Прочитајте и...  Вежбајте и перете ја облеката со овој неверојатен еко-пријателски велосипед

Раководителот на Институтот за спортска медицина вели дека кај некои типови тумори спортот речиси и да не помага, да речеме кај ракот на ректум.

“За рак на белите дробови, ефектот е многу мал. Пушењето има многу поголем ризик од заболување од позитивниот ефект кој го носи спортот. Но, во принцип, може да се каже дека зголемената физичка активност може превентивно да спречи секаков вид рак.”

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote