Македонија

Spotify од денеска достапен во Македонија

Најпопуларниот сервис за аудио стриминг во светот Spotify од денеска, 14 јули е достапен и во Македонија.

Spotify има преку 286 милиони корисници, а нуди над 50 милиони домашни и странски песни.

Покрај македонскиот пазар, Spotify беше промовиран денес на 12 нови пазари вклучувајќи ги Молдавија, Казахстан, Белорусија, Русија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Украина и Србија.

„Денешното лансирање на платформата ја отвора вратата за скоро 250 милиони обожаватели да започнат со откривање на нова музика од целиот свет на Spotify, но и за уметниците од регионот да се поврзат со фановите од целиот свет“, рече Федерика Тремолада, извршен директор на Sportify за Југоисточна Европа.

Таа исто така додаде: „Лансирањето на 13 нови пазари е важен момент на патот на Spotify, особено затоа што сега вклучуваме обожаватели и уметници на големи и растечки музички пазари, каде стримингот е широко прифатен и каде гледаме одлична можност за Spotify“.

Прочитајте и...  Овие две работи мора да ги имате на трпезата за Прочка

Најпопуларно

To Top