Србин си го убил 24-годишниот брат и во количка го возел низ градот

Безбедносните камери во Шабац го снимиле 20-годишниот Богдан, кој го вози во количка телото на својот 24-годишeн braт Игнат по улиците на градот.

srbin

Снимката што ја објави Tелеграф била снименa пред три дена околу 3 часот по полноќ.

На снимката се гледа како момчето ја бутка количката со телото на братот непосредно пред да биде запрен од полицијата. Во еден момент Богдан се врти околу себе додека ја турка количката низ мирна улица во Шабац.

Убиството се случило утрото во понеделникот, кога помалиот брат го убил постариот во собата на семејната куќа додека родителите биле отсутни. Го тепал со боксирач, а потоа го избол со нож и го скрил во гаражата чекајќи да се стемни.

Ноќта се обидел да го однесе подалеку од местото на убиството. Иако забележале крв кога се вратиле, родителите не се посомневале дека се случило злосторство. Инаку, станува збор за нарушени семејни односи, а браќата се внуци на познатиот српски сликар Милиќ од Мачва.

Видеото погледнете го ТУКА.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.