Случувања

Среќен именден Симо, Симеон, Симонка, Симон, Симона, Симка…

Именден празнуваат: Симо, Симеон, Симонка, Симон, Симона, Симка…

Денеска е Преподобен Симеон Столпник. Toj на 18-годишна возраст тој ги напушти родителите и се замонаши. Откако помина неколку години во секакво смирување, одлучи да се предаде на посебен подвиг, дотогаш непознат во Црквата подвигот на столпништвото.

Останатиот дел од животот го помина на врвот од еден висок столб, по дожд и по ветер, по жешко и студено време. Господ го удостои со дар на чудотворство. На сите што доаѓаа при него им помагаше како што можеше, исцелувајќи ги, советувајќи ги, поучувајќи ги. Живееше 103 години. Се упокои во 459 година, а моштите му беа подоцна пренесени во Антиохија.

Ден за започнување на есенските земјоделски работи. На овој празник започнува црковната нова година. Според верувањето и светците се раководеле по овој календар. Со празникот Свети Симеон е поврзано есенското засејување, што е проследено со посебни обичаи и верувања, иако тие се различни во разни краишта на Македонија имаат и многу заеднички елементи.

Прочитајте и...  Холандија ги претвори своите автобуски постојки во рај за пчелите

Народното верување уште вели дека на овој ден започнува црковната година и дека по календарот што започнува со овој ден се раководеле светците како Божји луѓе.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top