Македонија

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ТОШЕ: Да беше жив денес ќе наполнеше 39 години

На 25 јануари 1981 година е роден Тоше Проески, за кој нескромно може да се каже дека е еден од најдобрите и најхаризматичните вокали и во Македонија, но и на територија на целиот Балкан.

tose proevski 1 610x400

Во текот на својата кариера тој соработуваше со многу македонски и балкански музичари, продуценти и композитори. Првиот албум го издаде во 1999 година, со наслов „Некаде во ноќта“, по што следеше незаборавниот концерт под дожд на скопското лизгалиште.

Во вториот албум, „Синот божји“ се најдоа незаборавни нумери, како „Немир“ во дует со Каролина, „Во коси да ти спијам“, „Тајно моја“, „Казна божја си ти“…

Интересот за Тоше почна да се проширува и во соседните земји. Третиот албум „Ако ме погледнеш во очи“, кој беше снимен во Атина, доби и македонска и српска верзија. Во 2003 година тој победи на Беовизија со хитот „Чија си“.

Во 2004 година Тоше ја претставуваше Македонија на Евровизија со песната „Ангел си ти“, односно „Life“ во англиската верзија и го освои 14-то место. Сите песни меѓу кои се бираше победник за претставник на Евровизија се најдоа во двојниот албум „Ден за нас“.

Прочитајте и...  МНТ со онлајн програма за време на мерките против корона вирусот - гледајте театар од дома

Петтиот студиски албум на Тоше носи наслов „По тебе“, кој исто така е снимен и на македонски и на српски јазик. Албумот „Божилак“ е компилација од препеви на македонски народни песни. Долгоочекуваниот „Игри без граници“ излезе во 2007 година.

Со својата работа и концертите, тој беше посветен на подобрување на условите за живот и образование на децата, сиромашните и сите оние на кои им е потребна помош. Во 2004 стана амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, а за тие потреби ја сними песната „За овој свет“, која доби и англиска верзија.

Некои од песните, освен на српски и хрватски, ги препеа и на словенечки јазик, поради тоа што стана популарен и на територија на Словенија, каде одржа и неколку големи концерти.

Тоше имаше само 26 години кога загина во кобната сообраќајка. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за ден на национална жалост.

Најпопуларно


To Top