ССМ: Основните животни трошоци за 4-члено семејство се 531 евро

Во јули годинава на едно четиричлено семејство за задоволување на основните животни трошоци му биле потребни во просек 531 евро. Околу 70 отсто од вработените во Македонија земаат минимална плата од 12.507 денари (203 евра).

mkd 387564

Ова го покажуваат најновите податоци за минималната кошничка кои ги подготвува месечно Сојузот на синдикатите на Македонија, ССМ.

Во сумата за основните животни потреби на едно семејство вклучени се трошоците за храна, за сметки, за превоз и за здравје, при што најголем дел од семејниот буџет оди за храна и за сметки, 73,45 отсто.

Според пресметките на ССМ, вака изгледаат минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство: за исхрана и пијалаци 13.574 денари, домување 10.409 денари, за хигиена 2.306 денари, за превоз 2.408 денари, за облека и обувки 2.177 денари, за култура 1.070 денари и за одржување на здравје 706 денари. Или, од вкупните минимални трошоци од 32.710 денари, 23. 983 или 390 евра се само за исхрана и за сметки.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.