Ставен под контрола пожарот кај Пинтија, пријавен нов во Сопиште

Ставен е под контрола пожарот над скопската населба Пинтија, кој избувна денеска. Во пожарот беше зафатена мешана шума на поголема површина.

pozar2 2

Како што информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, локализиран е и пожарот кај скопското село Мојанце, над Арачиново, а нов пожар е пријавен кај Сопиште.

Во моментов две екипи пожарникари се упатени кон Сопиште, каде граѓани телефонски пријавиле пожар. Пожарот е во близина на фабриката за пиротехнички средства – изјавија за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.