Македонија

Стево Симски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2019 година

Поетот, раскажувач, писател за деца, и сценарист Симски по  20 години пак е награден на истиот конкурс. Стево Симски е роден 1953 година во Јабука, Србија. Живее во Скопје од 1961 година. Петнаесет години работел како наставник по македонски јазик. Од 1997 – 2016 година, како дипломат, работи во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Добитник е на над десетина награди на конкурсите за краток расказ. Автор на над 80 ТВ сценарија снимени од МРТВ, ТВ Алфа и ТВ Сител..

Автор е на книгите: Бродот нуркач (поема за деца, 1991), Лаѓа од картон граѓа (брзозборки, 1992), Ѕвездена порта (роман, 1993), Источен ѕид (поезија, 1999), Раѓање на ангелот (поема, 2001), Зимска шапка (раскази, 2002), Виолетов дожд (раскази, 2004), Недеремено око (поезија, 2008)
Наградени книги: Прва награда на Подкозјачките поетски средби, 1999, за збирката песни Источниот ѕид. Прличева награда за поемата Раѓање на ангелот ја освои во 2000 година.

Прочитајте и...  Симона има 4 годинки и е потребна помош! Да помогнеме!

Најпопуларно

To Top