Македонија

Стојан Ѓоревски: Јутуберот од Македонија со едни од најгледаните видеа

Ексклузивно само за Публицист, 100јан ни одговара на најактуелните прашања за неговиот живот, неговите планови за иднината и секако, неговата романтична инволвираност со НАСА инженерот Мартина Димоска.
Продолжете да читате за да ги дознаете најинтимните детали за неговиот личен живот.


1. Кажи ни малку повеќе за 100јан, каков е тој во реалниот живот?


-Истиот Стојан што го гледате на екраните. Буквално. Немам различна персона пред камера и зад камера.
Се трудам да бидам насмеан и ведар за да ги поттикнам останатите во мојот круг да бидат насмеани. Според мене секој човек заслужува да е среќен.
Ако е тоа точно, тогаш зошто јас да не бидам причината зa нечија насмевка?

2. Што те инспирираше да почнеш со јутуб видеа?

-Уште како малечок камерите и глумата ми одземале внимание. Отсекогаш сум сакал да допрам до таа уметност, да научам нешто повеќе за неа, да запознаам луѓе кои се занимаваат со тоа, па дури и да создадам свое парче од таа уметност.
Во меѓувреме, ги следев повеќето странски но и домашни јутубери и во себе си велев “Колку е добро! И јас сакам вака”.Еден ден,случано собрав храброст,ја земав камерата во раце и снимив што прво ми падна на ум.Потоа истото го измонтирав и го ставив на Јутуб и од тој момент не престанав.

Прочитајте и...  Шириме позитивна енергија: Карантин преработка на „Ама ако“ (ВИДЕО)

3. Кое ти е омилено видео што досега си го направил и зошто?

-Секое видео за мене е ново искуство, а секое искуство за мене е чекор понапред кон мојот сон. Мојот сон е да бидам се подобар и подобар, како на јутуб, така и како личност.Секое видео кое го поставувам на Јутуб ме инспирира да снимам уште едно.Така да, секое последно видео е мое омилено видео.

4. Дали имаш омилен јутубер кој ти служи како инспирација и мотивација?

-Порано практикував да следам доста Јутубери, најчесто странски.Но набрзо сфатив дека колку повеќе следам други Јутубери,толку повеќе несвесно се губи оригиналноста на моите видеа. Поради тоа решив да не следам ниту еден Јутубер толку активно, но сепак имам голема почит кон сите оригинални креатори на Јутуб.

5. Гледаме многу видеа и слики со НАСА инженерот Мартина Димоска, штo всушност се случува помеѓу вас?

-Магија хахаха. Реално, тоа е зборот со кој најдобро можам да го одговорам прашањево. Се запознав со неа сосема случајно, на фотографирањето за Психопатка маиците, имав слаб контакт и пред тоа со неа, но тогаш официјално лично се запознавме.
Навистина немав никогаш помислено дека би можел толку да се зближам со неа. И еве, денес сум тука и се чувствувам најисполнето,најсакано и конечно оживеано.Уште сум вчудоневиден.

6. Кои се луѓето што го прават 100јан она што е?

Прочитајте и...  Владата ги усвои мерките на Комисијата за заразни болести

-Моите креации најчесто имаат длабоки корени поврзани со мојата околина.Некогаш несвесно правам видеа околу некои теми за кои подоцна сфаќам дека ми се всадени во мојата глава баш поради моето опкружување. Луѓето околу мене,особено блиските луѓе ме прават тоа што сум, а Бацињата ме поддржуваат и ме прават подобар во тоа.

7. Дали да очекуваме нови соработки со естрадни личности, уметници и други Јутјубери?

-Искрено имам прилично добра идеја во која би сакал да вклучам се од горенаведеното.Не сакам да навлегувам во детали бидејќи сепак тоа е проект кој сеуште не е дооформен, но сепак имам во план. Се надевам само дека ќе најдам начин да стапам во контакт со сите на листата.

8. Кои се плановите за иднината на 100јан?

-Имам планови да изменам доста работи.
За почеток сакам да воведам нови серијали кои верувам дека ќе и се допаднат на публиката. Исто така сакам да се “вооружам” со уште некои нови реквизити за снимање со цел да имам поквалитетни видеа. Имам план да бидам поредовен исто така, бидејќи во последно време сум малце нередовен и доста од моите Бациња ме прашуваат што се случува со каналот и со мене. Изгледа не знаат дека сум среќен и уживам повеќе во времето поминато со НАСА инженерот

9. И за крај, што би сакал да им порачаш на твоите фанови?

Прочитајте и...  „Металург“ во акцијата на Анима Мунди: „Сакај ги животните!“

-Не само на моите фанови,туку на сите луѓе на светот.
Не се откажувајте во своите соништа, безразлика колку глупаво и невозможно да звучат за останатите .Се е возможно во денешно време,па дури и вашите сонови.

Очекувајте уште ексклузивни интервјуа со Стојан, а можеби и со неговиот НАСА инжинер.
За да го посетите неговиот Јутуб канал кликнете ТУКА

За да го посетите неговиот Инстаграм профил кликнете ТУКА

Најпопуларно


To Top