Случувања

СТОЈАНОВСКА: Се потресов кога слушнав дека е приведена за дрога, мајка ми Силвија е невина

Мајка ми нема врска со шверц на дрога, вели Јана Стојановска, ќерка на актерката Силвија Стојановска, за српскиот портал Република.

-Се потресов кога слушнав дека мајка ми е приведена, но кратко, затоа што набрзо беше утврдено дека таа нема врска со дилање дрога. Таа е поврзана со ова поради братот на нејзиниот сопруг, кој е осомничен за шверц на дрога. Мајка ми ја нападнаа и приведоа без причина, таа е невина, вели ќерката Јана.

Таа додава дека истрагата ќе покаже дали сопругот на Силвија е вмешан во шверцот.

– Не знам дали нејзиниот сопруг има врска со ова, тоа ќе покаже истрагата. Тоа што знам е дека мајка ми нема никаква врска со криминал. Се слушнавме по сослушувањето, беше потресена, но сега е добро. Одреден ѝ е куќен притвор, но потоа ќе бараме да се брани од слобода, рече Јана.

Таа нагласи дека ова нема да ја наруши кариерата на мајка ѝ.

Прочитајте и...  Маријана стана баба на Велигден, Росана пресреќна

Силвија Стојановска беше уапсена во четврокот под сомнение дека учествувала во меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Шпанија. Судот ѝ определи 30-дневен куќен притвор. Приведен беше и нејзиниот партнер Војислав Будисављевиќ кому судот му определи мерка притвор од 30 дена. Приведен е и неговиот брат кој живеел во Шпанија. Стојановска е осомничена дека била логистичка поддршка за шверцот на дрогата.

Најпопуларно

To Top