in

Страста ја претвори во бизнис: Современ пештерски човек држи курс за опстанок во дивина

Гвидо Камја може да Ве научи како да запалите оган користејќи камен, како да преживеете хранејќи се со инсекти, како и како да изградите засолниште среде шума.

37-годишниот Французин, кој првично работел како кувар, одлучил за живот да заработува на еден крајно необичен начин – во италијанските Алпи во близина на француската граница започнал да држи курс по преживување.

На едно од неговите викенд предавања, можете да го гледате како се качува бос по карпи, облечен во животинска кожа како онаа на ликовите од цртаниот филм „Флинстонови“.

Иако изгледа чудно, неговите курсеви за преживување на отворено се всушност официјално одобрени.

„Во последните пет години моите курсеви ги надгледување Италијанската меѓународна федерација за преживување (FISSS)“, изјави за AFP Гвидо чија инспирација за овој курс била неговата голема страст кон палеолитот.

„Неандерталците, кои живееја пред околу 400.000 до 40.000 години, беа многу интелигентни. Тие го открија оганот и успеаа да се прилагодат на сите временски услови. Тие беа номади кои живееја во пештери, но исто така знаеја и да си изградат засолниште во шума.“

Прочитајте и...  21 експерименти во кујната кои не завршиле баш како што е планирано

Почетната цена на основен курс е од 80-100 евра по лице за една ноќ. Во цената е вклучено и сместување во бивак.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote