Во фабриката за нуклеарен отпад „Селафилд“ во Велика Британија во Камбрија би можело да се случи несреќа полоша од чернобилската, предупредуваат активисти.

Image result for нов чернобил

Британскиот весник „Сан“ објави дека во изминатите две години имало дури 25 случаи на т.н. пробивање на безбедноста.

Во групата згради опкружени со жичана ограда, долга шест километри, се наоѓа магацин со 140 тони плутониум. Тука се работи со радиоактивен отпад, кој го создаваат британски активни реактори.

Фабриката во Камбрија се смета за најопасно место во Европа. Џенин Смит од групата „Камбријци против радиоактивно опкружување“ изјави дека локалните жители живеат во страв од сериозен инцидент.

-Едно пробивање на безбедноста е премногу. Не треба да биде ниту едно. Само една грешка може да биде катастрофална, истакна Смит.

Прочитајте и...  Во Калифорнија се отвора првиот ресторан во САД со канабис на менито
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде