Стрико им дал екстази на внуците од 3 и 6 години, децата во болница

Српската полиција поднесе кривична пријава против П.Д., кој на своите внуци, деца на неговиот брат, им дал опојна дрога. Инцидентот се случил доцна вчеравечер во Нови Пазар, Србија, дознава „Индекс онлајн“.

Стрикото им дал таблети екстази на три и шестгодишното дете, по што тие почнале да се чувствуваат лошо. Децата биле пренесени во болница, каде лекарите долго се бореле за нивниот живот.

Утрово нивната состојба е подобра, но и двете деца ќе останат хоспитализирани.

Стрикото е задржан во полиција.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.