Студија: Помалку време на социјални мрежи намалува ризик од депресија

jbareham 180405 1777 facebook 0003.0

Помалку време минато на социјалните мрежи го намалува ризикот од депресивно растројство, се посочува во труд на Универзитетот на Пенсилванија.

Стручните лица сметаат дека има директна врска меѓу ограничувањето на употребата на Фејсбук, Твитер, Снепчет и Инстаграм и подобрувањето на психичкото здравје на корисниците.

Во тек на три недели биле испитани 143 средношколци. Тие биле поделени во две групи – првата имала задача да не ги менува своите навики на интернет, додека пак другата – да биде активна на социјални мрежи само 10 минути дневно.

Податоците покажуваат дека кај младите луѓе со ограничен пристап до социјалните мрежи, симптомите на депресија биле значително помали. 

Прочитајте и...  Австралиско окритие за чисти води без пластика
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде