Судбината ги споила: Жена посвоила момче, но и неговата сестричка го нашла патот до нив

Кејти Пејџ, самохрана мајка од Колорадо, го посвоила момчето Грејсон пред две години. Само еден месец подоцна, добила повик од домот за деца без родители, од кој дознала дека едногодишната Хана треба итно да се вдоми. Без размислување, ја зела на привремено посвојување и веднаш забележала неверојатни сличности меѓу Грејсон и Хана.

-Бебињата беа многу слични. И двајцата имаа дупчиња на брадата, а имаа и други слични карактеристики кои ги воочив додека им ги менував пелените, вели Кејти.

Кејти мислела дека бебињата се од различни мајки, затоа што нивната биолошка мајка навела две различни презимиња кога ги оставила во домот. Исто така, никој во агенцијата за посвојување не се посомневал во тоа дека Грејсон и Хана се братче и сестричка. Кога Кејти ги споделила своите сомневања со пријателите, тие биле навистина изненадени.

„Беа целосно шокирани. Мислеа дека сум луда бидејќи сум водена од сопствената интуиција, без конкретни докази. Па така, својата теорија ја потиснав длабоко во себе, сѐ додека не добив нови информации.“

Но, полека вистината излегла на виделина – Грејсон и Хана имаат иста биолошка мајка, а тоа било потврдено и со ДНК тест.

„Со оглед на тоа што се братче и сестричка, Хана ја посвоив без проблем. Мислам дека ова е Божји план и дека судбината сакала тие да се спојат. Едвај чекам да пораснат и да им ја раскажам оваа неверојатна приказна.“

Моментално, Грејсон и Хана растат заедно и со Кејти, нивната нова мајка, се преслатко семејство.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.