Случувања

Супермаркет смислил генијална идеја како да спречи масовно купување на средства за дезинфекција на раце

Во последните неколку недели сме сведоци на големите гужви во маркетите и празните полици, а многумина на интернет ги осудуваат луѓето кои панично прават залихи на основни намирници и средства за дезинфекција.

Но, еден супермаркет во Данска одлучил да им стави крај на алчните купувачи и смислил како да ги ограничи во купувањето на средства за дезинфекција на раце. 

На социјалните мрежи започна да се споделува фотографија на која покрај средствата за дезинфекција е наведена и нивната цена – едно средство изнесува 5,50 евра, но доколку купите повеќе парчиња, цената изнесува околу 134 евра по шише.

Многу корисници на Твитер го пофалиле овој едноставен, но ефективен потег.

Прочитајте и...  Тајни кинески владини документи покажуваат дека 30% од заразените се без симптоми и го шират вирусот

Најпопуларно

To Top