Нема точни податоци од надлежните колкава количина на метрил акрилат мономер е ослободен при случувањата во Охис и колкава е концентрацијата на истиот во воздухот.

Метил акрилатот е токсична супстанција која при директен контакт со кожата може да предизвика тешки оштетувања и повреди на истата, објаснува преку социјалните мрежи, поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев за последниот инцидент кој се случи во Охис, пишува Нетрес.

Чибишев кој директоруваше и со Клиниката за токсикологија се обидува на јавноста да и даде појасна слика за тоа што всушност претставува супстанцијата која се излеала во фабриката ОХИС.

Тој пишува дека ако дојде до експлозија на пареи од метил акрилат тогаш се иритира очната слузокожа и се појавува чешање но и солзење на очите, додека при поголеми концентрации може да се оштети и видот.

Она што се додава е дека зависно од времето на изложеност на метил акрилат може да се случи и нарушување на респираторниот ситем проследен со печење во грлото и градите, кашлица, отежанато дишење а при поголеми концентрации може да настане оток на белите дробови ( токсичен белодробен едем ) кој е потенцијално смртносна компликација.

Прочитајте и...  Исклучени од сообраќај 51 возач на територијата на Скопје

Чибишев во однос на заштитата посочува дека при хаварија се евакуира населението во радиус од 50 метри од местото на инцидентот додека пак доколку истата е од потежок степен, тогаш вели дека се прави евакуација во радиус од 800 до 1000 метри.

Според достапните информации во фабриката ОХИС дошло до излевање на МЕТИЛ АКРИЛАТ МОНОМЕР ,хемиска супстанција која се…

Gepostet von Андон Чибишев am Freitag, 8. November 2019
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за