Галерија

Сурова клима и речиси недопрена природа: Планината Ниџе и нејзиниот славен врв – Кајмакчалан

На границата помеѓу Македонија и Грција се простира планината Ниџе. На највисокиот врв на оваа планина Кајмакчалан, чија висина е 2.521 м, се одиграла една од најтешките, но и највеличенствените борби на Македонскиот фронт во Првата светска војна. Во таа чест горе на врвот им било изградено спомен-обележје на илјадниците војници кои го изгубле својот живот, коешто во 1928 година било преобразено во капела. Спомен-капелата била осветена заедно со костурицата во која биле собрани коските на загинатите борци од околината.

Од Битола оддалечена околу 40 километри, планината Ниџе, од македонската страна е карактеристична по речиси недопрената природа: богати борови шуми, чисти реки и пасишта на преку 2000 метри надморска височина. Настанала во палезоикот со херцинската орогена фаза, а целосно е обликувана во средниот терциер.

Планината Ниџе на северозапад граничи со Скочивирската клисура на Црна Река.

Климата на врвот на планината Ниџе е сурова. Облаците понекогаш се спуштаат толку ниско што самиот врв не може да се види се додека не се искачите на него.

Иако не е правилно обележан, на Ниџе се наоѓа Музеј на отворено, бидејќи на неа се наоѓаат голем број воени гробишта, а на самиот врв се наоѓа мала црква посветена на Св. Илија во која до пред некое време се наоѓала урна во која некогаш се наоѓало срцето на Арчибалд Рајс.

Виртуелна панорама на Кајмакчалан:

Прочитајте и...  21 експерименти во кујната кои не завршиле баш како што е планирано
Планинарско друштво Макпетрол

Фото: Profimedia

Најпопуларно

To Top