in

Светски ден на свесноста за аутизмот – 2 април

Секоја година на 2 април се обележува Светскиот ден на свесноста за аутизмот за да се стави фокус врз аутизмот и лицата со аутизам. Оваа година светскиот ден на аутизмот се обележува за време на пандемија од коронавирус.

Лицата со аутизам се зависни од системите и мрежите за поддршка, па затоа според Обединетите Нации сите треба да се здружат и да помогнат колку што можат.

Историја на овој ден

На 1 Ноември 2007, третиот комитет на Обединетите Нации одобрува осум одлуки, од кои една од нив е да се означи Светскиот ден на аутизмот и е одлучено да се означува на 2 април.

Конвенцијата за лицата со попреченост (CRPD) стапува на сила на 3 мај 2008, со која се заштитуваат правата на лицата со попреченост.

Секоја членка на Обединетите Нации која ја ратификува оваа конвенција, мора да ги почитува правата на лицата со попреченост и да ги смета еднакви пред законот, и да ги променат законите со цел унапредување на правата.

Прочитајте и...  Како настанал најопасниот проект на Тесла- „Зракот на смртта“

Важни факти

Според Обединетите Нации, аутизмот е доживотна невролошка состојба која е карактеризирана со уникатни социјални интеракции, нестандарден начин на учење, заинтересираност за специфични предмети, рутини, предизвици во комуницирањето и специфични начини на процесирање на сигнали од околината.

Аутизмот потпаѓа под чадорот на спектарот на аутизам, што значи дека има голем број на идентификувачки особини. Има четири типа на спектри на аутизам – Аутистичко нарушување, Аспергер синдром, первазивно нарушување на развојот и детско дисенгративно нарушување.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote