Случувања

Светски ден на емотиконите – сликичките кои го променија начинот на комуникација во 21 век

Денес се одбележува Светскиот ден на емотиконите, шарените симболи кои се употребуваат во комуникација по пат на Интернет и паметните телефони.

tumblr oewf3vS4LB1r1bbiwo7 500

Емотиконите постојат од 90-те години, а Apple ги вклучи во своите паметни телефони во 2011 година.

Првиот Светски ден на емотиконите се случи во 2014 година. Најупотребуваниот емотикон е оној кој плаче од смеење и прогласен е за збор на Оксфорд во 2015 година.

После него следува и “смајлито” со срциња во очите, па оној кој праќа бакнеж, па уште еден кој се смее, оној кој се тркала по под од смеење.

Топ петте најчести споделувани емотикони на Фејсбук е “обичното смајли”, кое всушност ја покрена цела приказна за воведување на емотиконите. 

Во прославата на Светскиот ден на емоџито се вклучија Фејсбук, Твитер и Инстаграм, социјалните мрежи кои придонесоа за нивната популаризација.

Покрај нив, и платформите како ВатсАп, Вајбер и Месинџер се местата каде се одбележува нивната огромна употреба.

Прочитајте и...  По 17- годишна тешка борба со ракот: Почина пејачката на „Roxette“
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top