in ,

Sвездата на „Самрак“ и неговата девојка пронајдени мртви: „Беше светлоста во нашиот живот“

Актерот во тинејџ франшизата „Самрак“, Грегори Тајри Бојс и неговата девојка се пронајдени мртви во нивниот дом во Лас Вегас.

Триесетгодишниот актер и Натали Адепоју (27) заедно починале на 13 мај, но нивната смрт не беше потврдена до денес, кога службите на градот соопштија дека починале.

Парот наводно ги пронашол член на семејството на Бојс, откако сфатил дека неговиот автомобил не бил поместен од пред домот, а тие требало да бидат во Лос Анџелес.

„ТМЗ“ известува дека во домот е пронајдена „прашкаста материја“, но тоа не е потврдено од службите во Лас Вегас.

Бојс е најпознат по улогата на Тајлер Кроули во „Самрак“, еден од другарите на протагонистката Бела Сван (Кристен Стјуарт).

„Многу сме тажни поради загубата. Беше татко, син, внук, брат, чичко и пријател“ – соопштува семејството на Бојс за ТМЗ.

„Беше светлоста во нашиот живот и многу сме растревожени поради неговата смрт“, пишува во соопштението.

Прочитајте и...  Северна Кореја: Ким Јонг Ун е во животна опасност по операција на срцето?

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote