Свинската плажа или Свинскиот остров така популарно се вика Биг Мејџор Кеј, остров на Бахамите кој е познат по своите жители, а станува збор за свињи.

Според легендата, свињите на овој остров ги оставила група на морнари со намера подоцна да ги искористат за храна.


Но морнарите никогаш не се вратиле, а свињите останале на островот и преживеале.
Според друга легенда, свињите се жртви на бродолом , од кој успеале да се спасат и допливале на островот.

Но што и да е од се ова вистина, едно е сигурно, посреќни свињи од овие кои уживаат на Бахамите нема никаде да видите. А и јасно е зошто е тоа така.