Случувања

Тамара Тодевска, водителка на музичкиот спектакл “Music Awards Ceremony 2020“

Долго озборуваниот балкански (и екс-ЈУ) музички спектакл “МАЦ 2020“ кој на 27 јануари ќе се одржи во белградската Штарк-Арена ќе има и свои водители.

Се разбира, атрактивни и познати. Преносот во живо од црвениот килим почнува во 19:30, а по него ќе прошетаат околу 400 познати лица од шест земји учеснички: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора и Словенија.

За возбудувањето пред најголемата регионална манифестација и очекувањата, како и за свечените тоалети, со нив на црвениот килим ќе разговараат во опуштени муабети, водителите Николина Пишек, Бошко Јаковљевиќ и Тамара Пауновиќ. Додуша, Бошко Јаковљевиќ беше водител на црвениот килим и на минатогодишен “МАЦ“.

Главниот дел од настанот почнува во 21 часот кој ќе се случува на гламурозната сцена, а домаќини-водители ќе бидат: Галеб Никачевиќ, Ана Радишиќ и нашата Тамара Тодевска како една од ѕвездите на минатогодишната “Евровизија“. Тамара Тодевска вели дека е мошне среќна што ќе биде дел од “МАЦ“:

„Тоа е ноќ во која ќе ја славиме музиката, различности и што е најважно – неверојатниот талент на нашите регионални музички уметници. Одвај чекам! А, ќе носам на себе и најубав фустан“.

Преносот за Македонија ќе го врши ТВ Канал 5.

Прочитајте и...  Тамара ги откажа концертите: Семејството ми е во агонија

Најпопуларно


To Top