Што се’ не прават родителите за благосостојбата на своите деца и за да им го трасираат патот по кој сакаат да одат.

Ова е приказна за еден несебичен, грижлив татко, кој за својата ќерка изгради пат во должина од четири километри за да може девојчето да стигне на училиште.

Оваа инспиративна приказна започна минатата година кога малата Гамзе Коркут не можеше да оди во забавиште, затоа што немаше соодветни патишта за автобусот да ја качи и однесе во градинката.

Планинскиот пат што води до нивната куќа во рурално подрачје во југозападната провинција Мугла е црн пат,често каллив по дождовите, екстремно тесен и запоставен. Општината и секторот за национално образование претходно ги отфрлија сите барања на семејството за изградба на нов пат и рекоа дека не можат да сторат ништо за тоа, бидејќи станува збор за речиси непрооден шумски пат.

За таа една година, за жал, ништо не се смени.

Помина една година и Гамзе, сега шестгодишна, тргна во прво одделение во основно училиште во окружниот центар на Ментеше. Меѓуоа, проблемот остана.

Прочитајте и...  Кралицата Елизабета вработува- доколку го исполнувате овој услов ќе добиете брдо пари како месечна плата

На училиште мора да се оди, па таткото Рамазан Коркут реши да преземе акција. Тој започна да ја носи својата ќерка со трактор до најблискиот магистрален пат каде што поминуваучилишниот автобус.

Патот со тракторот одвај се поминуваше. Двајцата пет дена во неделата, тој груб, планински пат го поминуваа со замор и мака.

Тогаш тактко Рамазан реши да ги земе работите во свои раце – и тоа во буквална смисла на зборот. Тој го расчисти, ископа и го израмни патот сам.

Потоа изнајми копач и четири камиони. Општината му позајми уште еден камион, а Регионалната дирекција за шумарство му обезбеди грејдер, но тоа беше сè.

После шест долги и мачно денови, таткото го заврши патот долг 4 километри, сега покриен со чакал и успеал да го израмни.

Малата Гамзе сега можеше да оди удобно во училиште и да ја однесе училишниот автобус веднаш пред нејзиниот праг, исто како нејзините врсници.

Меѓутоа, семејството сега имаше друг проблем: како да ги врати позајмените пари. Откако ја искористи целата своја заштеда за обнова на нивната куќа што изгоре во пожар пред три години и мораше да го плати патот до последен денар од својот џеб, Рамазан Коркут беше се соочи со очајна потреба од 42.000 ТЛ за да ги покријат сите негови трошоци.

Прочитајте и...  Алармантна статистика: Во Турција за седум месеци убиени 285 жени

Откако јавноста дозна за подвигот на Рамазан, окружниот гувернер Канер Јилдиз дојде во планинската куќа за да му ја донесе добрата вест. Сите негови долгови беа исплатени по налог на гувернерот на Муала, Есенгел Цивелек. Државата сепак се издигна над бирократијата.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде