Галерија

Татко секој ден изработува различен превез за окото на неговата ќерка

Како родители секојдневно се обидуваме да го извлечеме најдоброто од секоја ситуација, посебно кога станува збор за нашите деца. Како на пример кога не ја сакаат вечерата, па ти мора да правиш звуци на авион додека ги храниш. Или пак ќе си го изгребат коленото па пробуваме да изгледаме најсмешно што може за да не мислат на болката.

Еден татко, корисник на Reddit под името Gfgrubb, направи се што може за неговата ќерка да се чувствува убаво за ситуацијата во која се наоѓа. Неговата ќерка Лејла, е родена со мала катаракта во нејзиното десно око кое го заматува нејзиниот вид.

Докторите побарале од него таа да носи превез по 2 часа секој ден за нејзиното десно око да може правилно да се развие.

Бидејќи Лејла е многу мала, таа не сакала да го носи превезот. Затоа нејзиниот татко морал да најде решение. Тој решил секој ден да и прави различен смешен превез. Ова навистина помогнало!

Погледнете уште 10 фотографии на следната страна.

Прочитајте и...  Пред останатите е силен и мускулест маж, пред ќерка му како мало дете: Ова видео на Двејн Џонсон ќе ве воодушеви

Страници: 1 2 3

Најпопуларно


To Top