Таткото монструм од Србија бара нова шанса: Крвнички си ја уби ќерката, а сега сака да биде ослободен и да има семејство

Ферди Јашари (23) од Земун, Србија во ноември минатата година неговата ќерка од пет месеци ја претепал до смрт.

Признал дека ја удирал со боксови бидејќи го нервирал нејзиниот плач.

-Изгубив нешто најмило, она што најмногу го сакав. Виновен сум. Жал ми е, се каам, доживотно ќе го паметам тоа што го направив. Да можам сам себе си би си дал доживотна казна. Сепак мора да знаете дека не го сакав јас тоа, не сум убиец. Барам поблага казна, дајте ми шанса да створам нов живот и повторно да имам семејство, рекол тој.

Со овие зборови се обратил Јашари вчера пред судот во Белград, во кој почна судењето за убиство на неговата 5-месечна ќерка.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.