Македонија

Татковци и ќерки ги расплакаа мајките во битолска градинка

„Татковци и ќерки – една вистинска љубов“, напиша на „Фејсбук“ Александар Тодоровски, споделувајќи го видеото во кое тој заедно со уште четворица татковци од Битола изиграа танц со нивните ќеркички, настап на приредба во градинка кој бил, всушност, подарок наменет за нивните сопруги, по повод 8 Март, Денот на жената. Видеото од овој несекојдневен настан, кое непрестајно се споделува и се шири на социјалните мрежи, ретко кого остава рамнодушен.

Идејата за едно вакво изненадување е на Анета Атанасовска и на тимот од градинката ,,Естреја Овадија Мара“, клон ,,Пролет”.

ПОСВЕТЕНО НА НАШИТЕ МАЈКИ, СОПРУГИ, БАБИ И СИТЕ ЖЕНИ – Честит 8-ми Mарт!ТАТКОВЦИ И ЌЕРКИ – ONE REAL LOVE!Дел од приредбата во градинката Естреја Овадија Мара, клон Пролет, група Срцки (4-5 год.) (особена благодарност за идејата и мотивацијата на воспитниот тим: Aneta Atanasovska – воспитувачка, Elisaveta Paunovska – негувателка и Snezana Ivanoska – проф.по музичко)

Gepostet von Александар Н. Тодоровски am Donnerstag, 7. März 2019
Прочитајте и...  Тешка сообраќајна несреќа вечерва во Македонија: Патниот правец Охрид- Кичево целосно во прекин (ФОТО)

Најпопуларно


To Top