Животни приказни

Тато е мама, а мама е тато: Го растат детето како полово неутрално – нема да биде момче, туку личност

Сигурно сте имале можност да се сретнете со најразновидните промени на полот. На крајот на краиштата и во Македонија ова станува се почесто и по децении молчење, полека престанува да биде табу тема.

Сепак, она за кое досега не сте слушнале е семејството кое своето дете ќе го израсне да биде ЛИЧНОСТ, а не момче, како што речиси сите прават, пишува “BlakansPress“…

Покрај тоа, мама е тато, а тато е мама… Видете и сами како тоа изгледа.

Британците Луис и Ники Дравен од Мидлсбро го основаа првото родово неутрално семејство, израснувајќи го своето дете во тој дух. Детето Стар Клауд има четири години и од своите родители доби еден единствен совет – „да не се труди премногу да биде машко.“

Мајката Луис е родена како машко, но благодарение на хормонска терапија станала жена. Таткото Ники е пансексуалец роден како жена. Се запознале на собир на ЛЏБТ во 2011 година.

Прочитајте и...  55-годишна баба го роди своето внуче за да ѝ подари дете на ќерка ѝ која нема матка

Пансексуалноста е сексуална ориентација која се карактеризира со сексуална, емоционална и духовна привлечност кон лице без разлика на нивниот пол или родов идентитет.

„Никој од нас не го интересира како е роден, сакаме само да бидеме она што го чувствуваме. Така го растеме и нашето дете“, вели таткото Ники (30).

Тие го воспитуваат момчето да биде „личност“, а не „момче“. Тој се шминка, игра со кукли, носи и машка и женска облека. Во училиште оди со униформа и розови чорапи.

„Никогаш не му кажавме дека е момче, туку дека може да биде што сака. Сака Барбики и бајки, но и играчки наменети за машки деца“, вели мајката Луис (“31).

Во минатото имале проблем со тоа како ќе го прифати околината, но денес семејството се прифати само себе и ужива во животот.

Извор: mirror.co.uk

Најпопуларно


To Top