Случувања

Тажна вест: Почина ѕвездата на „Монти Пајтон“, Тери Џонс

На 77-годишна возраст почина ѕвездата на „Монти Пајтон“, Тери Џонс, потврди неговиот менаџер.

-Тери почина синоќа на 77 години по долга и храбра битка со редок облик на деменција, со која се бореше со својот хумор. Во изминатите денови, сопругата, децата, роднините и пријателите постојано беа покрај него, додека тој полека заминуваше, стои во соопштението на семејството.

Џонс беше еден од основачите на хумористичната група „Монти Пајтон“, која засекогаш го промени светот на комедијата кога дебитираше на Би-Би-Си во 1969 година.

Роден во 1942 во Колвин Беј, Велс, Џонс студирал англиска книжевност кога го запознал Мајкл Пејлин, со кого потоа почнал да пишува сценарија и да настапува во низа ТВ-серии. Заедно со Џон Клиз, Грем Чепмен, Ерик Ајдл и Тери Гилијам, тие во 1969 ја формираа групата „Монти Пајтон“, чиј „Летечки циркус“ се емитуваше до 1974 година.

Продолжувајќи ја соработката со членовите на групата, Џонс потоа ги режираше филмовите „Монти Пајтон и Светиот грал“, „Житието на Брајан“ и „Смислата на животот“.

Прочитајте и...  Почина Бане 187: Пријателите и членовите на семејството се простуваат од српскиот рапер

Во 2016 година, Џонс објави дека боледува од деменција и дека се повлекува од сите натамошни настапи.

Најпопуларно


To Top