Македонија

Тажна вест, почина родилката од Куманово позитивна на КОВИД-19

Предмалку министерот за здравство Венко Филипче соопшти на Фејсбук дека починала родилка позитивна на коронавирус од Куманово. Ви ја пренесуваме објавата во целост:

„Со големо жалење информирам дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новореденче, негативно на вирусот.
Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален.
Клиниката за гинкеологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.“, стои во објавата на Венко Филипче.

Со големо жалење информирам дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30…

Gepostet von Венко Филипче am Mittwoch, 8. April 2020
Прочитајте и...  Кучињата се придружуваат во битката — тренирани се да го "намирисаат" коронавирусот

Најпопуларно

To Top