in ,

Тажна вест: Загина актерот од „Очајни домаќинки“

Глумецот и комичар Орсон Бин загина во сообраќајка, откако во петокот вечерта во него удрил автомобил во Лос Анџелес. Орсон починал на 92 годишна возраст, пишува „Дејли Мејл“.

Извори од полицијата велат дека Орсон наводно поминувал на пешачки премин, кога прво еден автомобил со огромна брзина поминал покрај него, додека второто возило удрило во глумецот.

Полицијата во Лос Анџелес во моментов ги истражува околностите околу сообраќајната несреќа. Кариерата на Бин почнала во педесетите години од минатиот век, а во домашната јавност е најпознат како Рој Бендер од популарната американска серија „Очајни домаќинки“.

Орсон од 1993 година бил во брак со глумицата Ели Милс. Зад себе ги остави ќерките Сусан и Мишел и синовите Езеки и Макс.

Прочитајте и...  Годините се само број - Љубовната приказна на Џејсон Стејтам и Роузи Хантингтон Вајтли

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote