Случувања

Тажни вести од Кенија: Убиени последната женка-бела жирафа и нејзиното младенче (ВИДЕО)

Единствениот примерок на женка на белата жирафа во Кенија и нејзиното младенче ги убиле ловокрадци во резерватот „Гариси“, на истокот на земјата, соопшти тамошната организација за заштита на дивиот свет.

Тоа исклучително ретко животно не е забележано ниту во една друга земја во светот.
Сега останува само еден мажјак на белата жирафа, чија мајка беше убиена од ловокрадците, се вели во соопштението на организацијата „Ишакбини Хирола“ која управува со резерватот.

Белите жирафи немаат карактеристики на албинизам, туку на генетска состојба наречена леуцизам, која се должи на недостиг на пигмент и која е откриена кај некои бели тигри.

Прочитајте и...  (ФОТО +18)Адриана Лима целосно гола со мисија да ги спаси Амазонските шуми

Најпопуларно

To Top