in

Тажно : Бабичка плаче пред празните полици во супермаркет во Австралија (ФОТО)

Во супермаркетите ширум светот, луѓето се во паника да купат сè што можат, а колку тоа влијае на другите луѓе најдобро е илустрирано со фотографијата објавена од австралискиот новинар Себ Костело.

На Твитер, тој објави фотографија од една постара жена, која расплакана стои пред празните полици во продавница каде не  останало храна за неа.

„Напладне денес во Мелбурн. Празни полици. Ми кажаа дека таа е целата во солзи. Ова покажува кој е најпогоден од овој непотребен тренд на панично купување. Ова мора да запре“, напиша тој со фотографијата.

Фотографијата ги растажи многу негови следбеници.

https://twitter.com/SebCostello9/status/1240542525858824192?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1240542525858824192&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Ftazhno-babichka-plache-pred-praznite-polici-vo-supermarket-vo-avstralija-foto%2Fa414178

„Ова навистина ми го скрши срцето. Старите луѓе го дале своето за општеството, зошто да не се грижиме за нив?? Ќе бидеме како нив пред да сфатиме. Бидете рационални, ве молиме внимавајте на најранливите“, напишал еден корисник.

„Плачам поради оваа фотографија“, додаде друг.

„Оваа фотографија совршено го прикажува сето ова лудило“, беше друг коментар.

Прочитајте и...  КИНА: Врз 108 доброволци се тестира вакцина за ковид-19

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote