
Те крадам од ноќта и празните темни улички
Те крадам од месечината и ѕвезденото небо
Те крадам од ресторанот покрај брегот во кој го пиеше
твоето кафе со шеќер
И од оние места на кои често ќе ,,одлуташе”
Ти го крадам секој поглед од твоите очи сини и длабоки ко океан
Те крадам од сета болка и сите лажни насмевки и луѓе
Те крадам од изгрејсонцето го крадам секој зрак што продира низ твоето сонливо лице
безобразно се поткрадувам низ твојата бела постела
Те будам нежно и ти крадам една воздишка
Го припивам твоето лице врз моето полека те крадам
Те крадам за себе.
Пишува: Јована Анастасијевска
