mvr3
mvr3

Четири лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа која вчера се случила на на крстосница од регионалниот пат Струга – Дебар и локален пат за с.Долна Белица, струшко.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Фолксваген голф“  управуван од Л.А.(54) од струшкото село Ливада, „Фолксваген пасат“  управуван од Ш.Р.(54) од Велешта и „Фолксваген пасат“ управуван од М.С.(64) од Охрид.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фолксваген голф“,  К.Д. (58) од с.Ливада, а со телесни повреди се здобиле возачот Л.А., возачот Ш.Р. и совозачот на возилото „фолксваген пасат“, со охридски регистарски ознаки, Ц.С.(59) од Охрид, информираат од МВР.

Тие биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.

Прочитајте и...  ФОТО: Млада докторка од Кочани заедно со дечиња прави прекрасни креативни изработки од отпад
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за