brza pomos

Две лица се повредени во несреќа во Куманово и се итно префрлени во болница.

brza pomos

Околу 21.20 часот на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Денко Драганов“ во Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот С.М. од Куманово и мопед „томос-АПН-6“, управуван од 26-годишниот А.К. од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.К. додека со телесни поврди се здобил сопатникот од мопедот, Џ.С. од Куманово.

Тие биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Прочитајте и...  Maлиот херој од Прилеп успешно помина два третмани, потребни се уште два: Ајде Македонијо, да му помогнеме на Дејан заедно!
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за