Тешко повредена девојка, вчера била прегазена од „мерцедес“

Девојка е тешко повредена откако вчера на булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар патничко моторно возило „мерцедес“ управувано од А.С.(56) од тетовското село Порој, удрило во неа.

lenta policija 2
lenta policija 2

22-годишната Ф.И. од село Дебреше се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Прочитајте и...  Ужас во Скопје: Девојка спакувана во црна кеса и фрлена, телото го открил вработен во „Комуналец“
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде