Тетовец запалил оган за скара и предизвикал пожар кој зафатил сува трева во село Лисец, тетовско.

ezgif 2 3b6c14624ec4

Според информациите на МВР, вчера во 13.15 часот кај место викано „Голгота“, во село Лисец, тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Попова Шапка го привеле Ф.Н.(44) од Тетово.

Околу 12 часот, на наведеното место, тој запалил оган за скара, кој се проширил, зафаќајќи површина на сува трева. По целосно документирање на случајот, велат од МВР, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитајте и...  Полицаец во Тетово уапсен во акција за спречување на трговија со наркотици
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде